Уапсен насилник кој нападнал цело семејство на Бит Пазар

Денеска од страна на Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал, поднесена е кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против Б.Ф.(36) од Скопје за две кривични дела, и тоа "насилство" по чл.386 и "недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали по чл.396 од Кривичниот законик.

Тој вчера околу 17.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал З.Т.(42) од Скопје, по што го оштетил и неговото возило „тојота аурис", со скопски регистарски ознаки, во кое биле и сопругата на З.Т. и нивните две малолетни деца.

Од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар" околу 17.30 часот Б.Ф. бил лишен од слобода, а кај него бил пронајден и пиштол. Од страна на Судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе