МВР

Уапсен надрилекар, продавал лажни креми за сто евра

ОВР Неготино поднесе кривична пријава против З.Ѓ.(46) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“.

Во временскиот период од 2015 до 18.10.2019 во Неготино, пријавениот во својот дом, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, без пропишана стручна подготовка од надлежен државен орган, се претставувал како поранешно медицинско лице и се занимавал со лекување и давање медицинска помош, преку продажба на т.н. лекарства  за повеќе болести кај луѓето.

За лекарствата, кои биле во форма на течности и креми,  наплаќал по 5.000-6.000 денари.

На 18.10.2019 од полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело за кое се сомничи.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе