Во акција на полицијата

Уапсен кумановец кој по загинувањето на ќерката нудел пари за да се убијат некои лица

Полицијата уапси 57-годишен кумановец и против него поднесе кривична пријава откако било утврдено дека тој последниве месеци нудел пари за да се убијат некои лица кои тој ги поврзувал со сообраќајна несреќа случена минатата година, но исто така им се заканувал со убиство на лицата кои ги поттикнувал за него да убијат.

„Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР денеска го лишија од слобода Д.Ф.(57) од Куманово и до Основното јавно обвинителство Куманово е поднесена кривична пријава против него, за сторено кривично дело Поттикнување на кривично дело убиство по чл.123 став 3 а в.в со член 23 од Кривичниот законик“, информира МВР.

Од Министерството велат дека во периодот од април до август 2021 година, Д.Ф., во врска со сообраќајна незгода која се случила во 2020 година, поттикнувал лица за парична награда да извршат убиство над неколку лица.

„Исто така, во наведениот период пријавениот во повеќе наврати на лицата кои ги поттикнувал да го извршат кривичното дело 'убиство' им се заканувал со огнено оружје со цел да го извршат кривичното дело“, се вели во соопштението на МВР и се додава дека Д.Ф. во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка.

Претходно од МВР беше лиферувана информација дека ќерката на уапсеното лице загинала минатата година во сообраќајна несреќа.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе