Уапсен криминалец од Гостивар за шверц на 100 килограми марихуана

Денеска околу 17 часот и 20 минути на улица "Светозар Пеповски" во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со наредба од Основно јавно обвинителство Скопје, го лишиле од слобода 38-годишниот гостиварец Е.М., информираат од МВР.

Тој се сомничи за инволвираност во случајот од 15 декември минатата година, кога на наплатната станица Глумово беше фатено товарно моторно возило со 100 килограми марихуана.

Е.М. извесно време бил во бегство надвор од нашата земја, а денеска, откако е приведен, ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор "Скопје" во Скопје за издржување на определениот 30-дневен притвор.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе