МВР

Уапсен кавадарчанец за обид за убиство и уште 127 кривични дела

Полицијата го уапсила И.С.(37) од Кавадарци, осомничен дека во јуни годинава, со нож се обидел да ја убие пријателката која била бремена, информираат од МВР.

Полицијата против него поднела кривична пријава за убиство во обид, но приведениот е осомничен и за други 127 кривични дела, од кои 110 тешки кражби, 15 тешки кражби во обид, една кражба и една разбојничка кражба.

Како што информираат од МВР, осомничениот на шести јуни околу 11 часот, и се јавил на пријателката Р.А. која била во селото Сопот. Потоа ја земал со такси возило и ја однел во селото Бегниште. Кога заминале кон гробиштата во селото Бегниште, девојката му кажала дека е бремена, по што И.С. извадил нож и ја пробол во стомакот.

Полицијата веднаш по апсењето извршила претрес и кај него пронашла мобилен телефон, клучеви и фолии за отворање на блиндор врати, француски клуч за кршење на цилиндер брави, пари и други предмети.

Според истрагата, уапсениот извршил 127 кривични дела, од кои 110 тешки кражби, 15 тешки кражби во обид, една кражба и една разбојничка кражба. Кражбите ги извршил од мај до септември годинава, на идентичен начин, со кршење на цилиндри на брави од влезните врати.

На подрачјето на СВР Струмица извршил седум тешки кражби во Струмица и три тешки кражби во Радовиш. На подрачјето на СВР Штип, извршил 12 тешки кражби, седум во Штип и пет во Кочани. Осомничениот извршил и четири кривични дела во Куманово, а на подрачјето на СВР Битола извршил 31 кривично дело, од кои 16 во Битола, пет тешки кражби во Ресен, десет во Прилеп. На подрачјето на СВР Велес, во Велес извршил осум кражби и две во Кавадарци. Во Охрид извршил 31 кривично дело, а во Кичево 10, во Скопје, извршил 19 кривични дела.

„Извршен е претрес во куќата во Прилеп во која привремено престојувал каде што биле пронајдени голем број предмети кои потекнуваат од кривични дела. Украденото злато го продавал во златарски дуќани во Охрид и Прилеп“, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

 

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе