Уапсен дилер во близина на Скопски саем

Полициски службеници денеска во близина на Скопски саем привеле лице од Скопје, кај кого е пронајдена марихуана, соопшти МВР.

„Денеска на паркинг во близина на Скопски саем од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи бил лишен од слобода А.Н.(33) од Скопје, бидејќи при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана“, наведуваат од Министерството.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот, по насоки на Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријави поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе