На автопатот Гевгелија - Скопје

Уапесен српски државјанин кој превезувал 25 кубански и тројца индиски мигранти

Во автопатот во близината на Гевгелија полицијата во товарно возило со српски таблички пронадје 28 мигранти, од кои 25 биле од Куба, а тројца од Индија, Возачот се обидел да избега, 

На автопатот Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија синоќа го лишиле од слобода К.А.(20) од Прешево, Република Србија, затоа што при преглед во товарно возило „фиат дукато", со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 28 лица - мигранти, од кои 25 од Куба (20 полнолетни и 5 малолетни) и 3 од Индија, информира МВР

„На автопатот, на местото викано Нова петла во близина на Гевгелија, тој не застанал на даден знак од полициски службеници, а откако бил стигнат запрел, го напуштил возилото и се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода. Мигрантите биле пренесени во прифатниот центар 'Винојуг' во Гевгелија, а К.А. бил задржан во Полициска станица Гевгелија“, соопшти МВР.

Во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе