Во Скопје

Турски државјанин спречувајќи „пајак“ да му го земе возилото удрил во полицаец

Турски државјанин со привремен престој во с.Велебрдо-Ростуше синоќа во Скопје се обидел да спречи пајак-возило да го отстрани неговото неправилно паркирано возило, а при обидот за бегство со возилото удрил во полициски службеник, кој потоа успеал да го фати и да го уапси.

Вчера во 21.40 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, во моментот кога полициски службеник со специјално возило вршел отстранување погрешно паркирани возила, едно непознато лице почнало да го влече вработениот во Пајак службата, а се обидело и да го удри. 

Потоа, лицето влегло во патничко возило „мерцедес“, го стартувало возилото и удрило во полицискиот службеник, кој добил телесни повреди, по што го запрело возилото, излегло и почнало да бега. Полицискиот службеник успеал да го фати и лиши од слобода. Во тој момент друго непознато лице го стартувало возилото и побегнало. Утврден бил идентитетот на лицето, се работи за Б. Х. (29) од Република Турција со привремен престој во с.Велебрдо- Ростуше.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МИА

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе