Турски државјанин од Виена на скопскиот аеродром се обидел да прошверцува хашиш масло

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен акт против турски државјанин кој живее во Австрија за кривично дело – nеовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 24 август со лет на една авиокомпанија пристигнал на aеродромот Скопје од Виена и се упатил на излезот „зелен канал“ наменет за патниците кои немаат ништо да пријават за царинска контрола. Притоа бил селектиран за контрола и запрен од царинските службеници. При извршена проверка во неговиот багаж биле пронајдени десет шишиња со по 10 мл. хашиш масло, едно бело пластично шише без етикета со волумен од околу еден литар наполнето со хашиш масло, како и еден мал стаклен сад во кој исто така се наоѓало хашиш масло со тежина од 2,1 грама.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе