Најден кај Арачиново

Туарегот со кој избегаа напаѓачите од Александар палас запален

Во близина на скопското село Арачиново полицијата пронајде запалено возило фолксваген туарег за кое се сомнева дека било искористено за време на саботната оружена престрелка во хотелот „Александар палас“. Напаѓачите избегале со туарег. Во запалениот туарег биле пронајдени и остатоци од автоматско оружје „калашников“.

Министерството за внатрешни работи информира дека бил извршен претрес во куќа на лице од Скопје.

Споед официјалната информација на МВР инцидентот се случил во саботата, половина час по полноќ, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три маскирани лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол 11 куршуми кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема.

Неофицијално, возилото „туарег“ било украдено во Скопје во март. И табличките на возилото биле украдени од друг автомобил.

И двете групи, и оние што престојувале во ресторанот на хотелот и групата што пукала се  познати на полицијата.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе