Тројца жители на Теарце приведени за напад врз малолетник

Три лица на возраст од 18 и 19 години од тетовско Теарце се приведени ноќеска откако се пријавени во тетовската полиција дека нападнале и повредиле малолетник, како и уште едно лице кое се обидувало да ги раздвои. Нападот се случил вчера околу 16.30 часот во авто-перална во Пршовце.

„Вчера во 21 часот и 30 минути, 17-годишник од тетовско Пршовце, заедно со неговиот татко, пријавиле дека околу 16 часот и 30 минути, во авто-перална во ова село, во која работел, физички бил нападнат од три лица. Тие тројца истовремено нападнале и лице кое се обидело да ги раздели, при што користеле и тврди предмети и на малолетникот му нанеле тешки телесни повреди, информира Марјан Јосифоски“, портпарол на СВР Тетово.

Според неговите информации за кратко време тројцата напаѓачи Е.С. (19), Ј.М. (18) и Д.А. (19), сите од тетовско Теарце, се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе