Вчера во Скопје

Тројца каснати од кучиња скитници

Во текот на вчерашниот ден тројца жители на главниот град пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници. Околу 11 часот во Полициската станица Центар, М.Г. (28) од Скопје пријавила дека на бул. „Кирил и Методиј“ била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.

Вчера претпладне во полициската станица Аеродром, Е.М. (46) од Скопје пријавила дека на бул.„Трета македонска бригада“ била касната од куче скитник во пределот на левата подлактица.

Синоќа пак во полициската станица Центар, С.Б. (25) од Скопје пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе