Тројца скопјани краделе во Тетово

Тетовската полиција информира дека се расветлени неколку кражби случени на крајот од 2019 година, а за кои се поднесени соодветни пријави за тројца жители на Скопје. До Основното јавно обвинителство Тетово поднесена е кривична пријава против М.Х.(48), Д.Т.(42) и Р.Д.(42), тројцата од Скопје, поради основи на сомнение дека првите двајца сториле кривично дело „кражба", а третиот кривично дело „прикривање".

„Првопријавениот М.Х. се сомничи дека во текот на декември минатата година, искористувајќи го невниманието на вработените, од продавници за технички производи во Тетово одзел: четири лаптоп-компјутери, кафемат и климатизер, додека Д.Т. го чекал надвор во возило со скопски регистарски ознаки, по што двајцата се враќале во Скопје и заедно со Р.Д. ги продавале производите, а парите ги делеле меѓу себе, соопшти Марјан Јосифоски“, портапрол на СВР Тетово.

Вкупната противправна корист со која се стекнале пријавените се проценува на близу 170 илјади денари. 

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе