Тројца приведени по синоќешната престрелка во Тетово

Три лица се уапсени по вооружената престрелка доцна синоќа во центарот на Тетово. Инцидентот се случил во близина на угостителски објект на улицата Маршал Тито, а на престреката претходела расправија меѓу две лица во казино во Тетово.. Полицијата трага и по други сомничени.

Вооружениот напад бил пријавен во полиција синоќа во 21.07 часот.

Како што информира МВР, на престрелката претходела расправија во казино помеѓу Н.М.(34) од една страна и Д.М.(43) од тетовското село Лавце и Б.Д.(43) од Тетово, од друга страна. Тие излегле надвор на улицата, по што биле испукани куршумите, а се вклучиле и други лица. Во престрелката нема повредени.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

Во ПС Тетово биле приведени и задржани Б.Д. и Д.М, и Р.Џ.(28) од село Шипковица, а се бараат и други лица за целосно рачистување на случајот.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе