Тројца повредени во сообраќајка на патот Штип- Кочани

Во тешката сообраќајна несреќа, која синоќа се случи на патот Штип-Кочани повредени се три лица, од кои едно женско лице на возраст од 30 години од Штип со тешки телесни повреди е хоспитализирана во Клиничкиот центар во Скопје. Инаку, оваа крстосница е позната црна точка на овој патен правец

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека во несреќата, која се случи кај Чифличка крстосница во 20:45 часот, повредени се тројцата возачи, кои учествувале во несреќата.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска потврдува дека синоќа е примено женско лице, но веднаш со тешки телесни повреди е транспортирана во Клиничкиот центар во Скопје.

Сообраќајот на оваа делница синоќа беше во прекин во двата правца, додека траеше увидот. Инаку, оваа крстосница е позната црна точка на патот Штип- Кочани.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе