Тројца повредени во сообраќајка на автопатот Неготино-Градско

Вчера во 14.50 часот било пријавено дека на автопатот Неготино – Градско, патничко возило „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(36) од Битола, удрило во заштитна ограда и се превртело на коловозот.

„Во незгодата возачот и сопатникот С.С.(34) се здобиле со тешки телесни повреди. Потоа, во паркираното возило на ЈЗУ Здравствен дом Неготино, кое дошло на местото на незгодата, удрило возило „фиат фиорино“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Скопје, а потоа во него удрило возило „киа рио“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(39) од Скопје. Притоа со повреди се здобил И.М. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на полициската станица Неготино“, информираат од МВР.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе