Тројца повредени во сообраќајка кај Штип

Три лица се повредени во сообраќајка што се случила вчера на локалниот пат во с.Косевица, кај маало „Чутурање“, информира МВР.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „шкода октавија“, со штипски регистарски ознаки, управувано од В.В.(19) и патничко возило „форд фиеста“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Г.В.(59), двајцата од с.Косевица. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле Г.В. и сопатничката од истото возило Д.В. (68) од с.Косевица, а со телесни повреди се здобил В.В., констатирани во Клиничката болница Штип, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Штип.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе