Тројца кумановци добија кривични пријави за непочитување на полицискиот час

Кумановската полиција поднесе три кривични пријави против тројца кумановци кои не ја почитувале забраната за движење, соопштија денеска од МВР. Кумановците, двајца на возраст од 29 години и едниот триесет и петгодишен биле затекнати без дозвола за движење во Куманово, во април и мај годинава и не постапувале согласно здравствените прописи за време на епидемија.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А.(29) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија". На 15-ти мај годинава на улицата „Доне Божинов", тој бил затекнат без да има дозвола за движење за време на забрана за движење населението, соопштија од СВР Куманово.

СВР Куманово поднесе кривични пријави и против А.Н.(29) и А.И.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија". Пријавените на 16 и 19-ти април годинава биле затекнати без дозвола за движење за време на забрана за движење населението. 

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе