Тројца гостиварци ограбиле српски камионџија

СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го расчисти разбојништвото кое на 25 октомври околу 20 часот било извршено врз 48-годишниот српски државјанин Г.С., и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави против М.Х. (33) и Љ.Х. (27), двајцата од гостиварското село Дебреше и Ш.Ј. (42) од гостиварски Равен.

„Тројцата пријавени, како што соопшти МВР, се сомничат дека во близина на наплатната станица Гостивар, прво побарале да влезат во товарно моторно возило „Сканија“, со српски регистарски ознаки, што го управувало Г.С, а потоа и физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле паричник со 9.000 српски динари, 50 евра, возачка дозвола и банкарска картичка.

Нешто подоцна, пријавените се лишени од слобода и изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој им определил мерка притвор од 30 дена, по што биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје“, стои во соопштението.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе