Троен судир на автопатот „Мајка Тереза“, неколку лица тешко повредени

Вчера во 16.15 часот на автопатот „Мајка Тереза", во атарот на с.Буковиќ, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „фиат сеиченто" со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(43) од с.Трубарево, скопско, патничко возило „фолксваген голф" со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(26) од с.Ново Село, тетовско и товарно возило „пежо бипер" со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(44) од Скопје.

Во незгодата, тројцата возачи, како и сопатничката во товарното возило „пежо бипер“, Е.Р.(36) од Скопје, се здобиле со повреди. Ј.Д. и А.Д. се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека  А.С. и Е.Р. се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе