МВР

Tри тепачки пријавени во текот на вчерашниот ден

До полицијата стигнале пријави за три поединечни инциденти во текот на вчерашниот ден. Како што соопшти МВР, вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.00 на подрачјето на Центар, Г.А.(47) од Скопје бил физички нападнат од А.Д.(54) од Скопје.

Во вториот случај, синоќа околу 19 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров поради меѓусебно недоразбирање дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.С.(44) и Т.М.(39), двајцата од Скопје.

Третиот случај е регистриран на територија на СВР Тетово. Н.Д.(39) од Тетово синоќа пријавил во полиција дека во близина на такси компанија во Тетово, по претходна расправија, бил физички нападнат од З.Н. и уште едно лице.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите. 

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе