Причинета е поголема материјална штета

Три пожари вчера во Струмица, нема повредени лица

Поголема материјална штета е причинета во три пожари кои избувнаа во Струмица. Во пожарите повредени лица нема. 

Вчера, попладне во Територијалната против пожарна единица со две возила и девет пожарникари во Струмица изгасна запалена покривна конструкција на куќа, а во поранешната фабрика АД „Македонија Санкерам" се запали дел од конструкција на магацин.

Во 08:00 часот утрото во пожар исто така изгореа помошни простории во кругот на АД „Оранжерии Хамзали", во близина на селото Хамзали кај Струмица.

Од Противпожарната единица во Струмица соопштуваат дека двата поголеми пожари се гаснеле повеќе од два часа, а пожарот во магацинот би изгаснат за помалку од еден час.

Сите три пожари се локализирани и во нив нема повредени лица. 

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе