Три лица во Куманово не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Куманово. 

Двајца од нив се движеле со патничко моторно возило, патувајќи од с. Липково кон с. Гошинце, кумановско, за време на полицискиот час. Со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија, соопштија од Обвинителствоѕо.

Третото лице, пак, за време на полицискиот час управувало со трактор во близина на с. Романовце.

За стореното кривично дело, јавен обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 10 евра во денарска противвредност.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе