Tри лица во кавадаречко не ги почитувале мерките за самоизолација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против три лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија".

На 19.03.2020, при проверка од полициски службеници било констатирано дека Г.В.(42) од кавадаречкото село Возарци, иако на 18.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, тој не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.

Како што соопштија од МВР, поднесена е кривична пријава и против Б.С.(45) од село Сирково, општина Росоман, затоа што на 19.03.2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако на 18.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, тој не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против и А.Н.(47) од село Сопот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија". На 18.03.2020 во село Сопот, при проверка од полициски службеници во домот на пријавениот, било констатирано дека иако на 17.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, тој не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе