Три лица тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево-Охрид

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера на патот Кичево-Охрид, соопшти МВР.

Според полицијата, вчера утрината во 07:45 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај село Песочан, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв" со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(57) од село Порој, тетовско, патничко возило „голф" со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. М.(22) од Скопје и патничко возило „ауди" со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Скопје.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „бмв", Х.Х.(53) од Тетово, констатирани во болницата „Св.Еразмо" во Охрид.

Со тешки телесни повреди се здобиле и возачот на возилото „бмв" и сопатничката во истото возило, Х.Б.(24) од Тетово, кои биле пренесени во болницата „Св.Еразмо" за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид", информира МВР.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе