Три лица се приведени во Кавадарци кај кои е најдена дрога

Три лица се приведени во Кавадарци кај кои била пронајдена дрога. Полицијата соопшти дека се пронајдени марихуана, но и „“бела и кафеава прашкаста материја“.

МВР информира дека полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при полициската станица Кавадарци вчера го лишиле од слобода П. М. (40) од Кавадарци.

П.М. бил лишен од слобода на улица „Благој Крстиќ" во Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања бела прашкаста материја, неколку пакувања кафеава прашкаста материја, две дигитални ваги, пари во различни валути и апоени и други предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја.

Претходно, во 13:30 часот на улица „Киро Спанџов" во неговото паркирано возило бил затекнат И. П. (40) од Кавадарци, а во возилото бил и А. М. (36) од Кавадарци. При преглед кај нив и во возилото, кај И.П. била пронајдена и одземена марихуана.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе