Три лица се приведени во гостиварско, полицијата им нашла хероин

Во гостиварско вчера попладне биле приведени три лица откако кај нив и во нивниот автомобил бил пронајден хероин, информира МВР.

Вчера околу 15.30 часот во атарот на гостиварското село Врапчиште, полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар ги лишиле од слобода О.Б.(39) од гостиварска Долна Бањица, 38-годишната гостиварка В.С. и А.М.(52) од с.Врапчиште. При нивен и преглед на возилото „опел вектра“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од О.Б., во кое В.С. и А.М. биле сопатници, им бил пронајден хероин. Тројцата се задржани во Полициската станица Гостивар и со соодветен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ денеска (11.05.2021) ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе