Три лица се повредени откако се превртел трактор во Куманово

Три лица повредени во кумановско, откако тракторист изгубил контрола и се превртел тракторот.

„На 04.08.2020 во 19.00 часот било пријавено дека на земјен пат за с.Габреш, во с.Кучкарево, кумановско, Д.Н.(75) од с.Кучкарево, управувајќи трактор „ИМТ 533", со скопски регистарски ознаки, во кое како сопатници се превезувале В.Д.(58) и Ј.З.(82), двајцата од с.Кучкарево, изгубил котрола и удрил во земјена површина и се превртел" соопштуваат од МВР.

Во незгодата, Ј.З. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.Н. и В.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Куманово, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе