Три лица приведени откако им бил најден хероин

Тројца мажи од Тетово и Пирок се приведени денеска откако полицајци при преглед им нашла дрога. Тие се уапсени при акцијата на полицијата на улицата „Љуботенска“ во градот.

Околу 11 часот и 30 минути, на улица „Љуботенска" во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода О.В.(42) и Р.Р.(40) од тетовски Пирок и Б.Љ.(40) од Тетово, затоа што при нивен преглед им бил пронајден хероин.

Тие се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе