Три лица повредени во сообраќајна несреќа во Тетово

Три лица се здобиле со повреди во сообарќајна несреќа на две возила што се случи денеска околу 11,20 часот на улица „Илинденска“, во Тетово.

Во сообраќајката кај крстосницата на Тетовскиот универзитет учествувале автомобил „рено меган“ со тетовски регистарки таблички управуван од 27-годишниот Ф.Б. од село Стримница и патничко моторно возило „мерцедес“, управувано од 23-годишниот тетовец  A.A.

Од несреќата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, и сопатничката од меганот, 27-годишната К.Б. исто така од Стримница.

Тројцата се наоѓаат во тетовската клиничка болница.

Како последица на сударот меѓу возилата, оштетен е семафорот и електричен столб.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе