Три лица повредени во сообраќајка во скопско

Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 11:40 часот на крстосницата од ул.„Јадранска магистрала" и локален пат за с.Никиштани.

Во несреќата учествувале „Голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(21) од Скопје и патничко возило „Шевролет лачети“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.О.(20) од село Никиштани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Х.(20), сопатничка од возилото „голф" и била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски" за укажување на лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобиле А.О. и сопатничка од истото возило О.Х.(45) и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе