Три лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Пробиштип-Штип

Три лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Пробиштип-Штип кај село Крупиште. Повредените се на возраст од 20, 68 и 70 години.  Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип

Сообраќајката била пријавена вчера во 12:20 часот во СВР Штип. На регионалниот пат Пробиштип- Штип, кај село Крупиште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген" со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(20) од Пробиштип и патничко моторно возило „фиат панда" со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(70) од Пробиштип.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката Ц.Р.(68) од возилото „фиат панда", констатирани во Клиничката болница Штип.

Се утврдуваат причините за сообраќајката. 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе