МВР билтен

Три лица повредени во сообраќајка кај тетовски

Две млади лица и едно повозрасно се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза" во Скопје по тешката сообраќајка во тетовско. 

 

Според полицискиот Билетен, вчера во 18.15 часот е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Желино, кај Требошки натпатник, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(48) од село Голема Речица и патничко возило „опел корса“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(18) од село Сараќино.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот во возилото „опел корса“, Б.С.(19) од с.Сараќино, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово. 

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе