Несреќата се случила вчера во 18 часот на раскрсницата од булеварот „Александар Македонски“ со улицата „Чеде Филиповски Даме“ во Радовиш.
„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатначката Н.Ј.(38) од Радовиш, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник-малолетник кои биле пренесени во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош“, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Радовиш.