Три лица повредени едно потешко, во сообраќајка на патот Скопје-Тетово

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа која се случила вчера, во 15,10 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово.

Како што информираат од полицијата, во несреќата учествувале „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(56) од с.Копаница-скопско и „ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од С.И.(31) од Тетово.

„Во незгодата со те лесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „фолксваген голф“ Х.И.(24), А.И.(21) од с Копаница-скопско и биле пренесени во Комплексот клиники  “Мајка Тереза“-Скопје за укажување на лекарска помош. Друга сопатничка од истото возило Ф.И.(56) од с.Копаница-скопско се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „8 ми Септември“ за укажување на лекарска помош“, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе