При судир на два автомобила

Три лица од Куманово повредени во сообраќајка

Вчера попладне на локалниот пат Куманово-село Горно Коњаре се случила тешка сообраќајна несреќа, во која биле повредени три лица од истото село. 

„Вчера околу 12.25 часот на локалниот пат Куманово-село Горно Коњаре, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес" со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(52) од Куманово, и патничко возило „пежо" со кумановски регистарски ознаки, управувано од А. Ф. (22) од с.Горно Коњаре-Куманово. По незгодата Г.Ј., А.Ф. и сопатничката во возилото ,„пежо" М. Ф. (41) биле пренесени во Ургентен центар-Куманово, каде им биле констатирани тешки телесни повреди“, стои во соопштението на МВР.

Увид на лице место извршила екипа од ПС за БПС-Куманово.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе