Во скопско Визбегово

Три лица нападнале полицаец што им пишал казна

Вчера околу 12.40 часот на бул.„Словенија" во Скопје, на влез за с.Визбегово, полициски службеници сопреле патничко возило „дачиа дастер", со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(54) од Скопје, во кое сопатници биле три лица.

„Притоа, полициските службеници констатирале прекршок и му издале записник на возачот. Малку подоцна, на бул.„Словенија", во близина на крстосницата со магистрален пат Скопје-Блаце, на службеното возило управувано од полициските службеници му бил пресечен патот од возилото „дачиа дастер" и од него излегол И.И. и трите лица, од кои едно од нив физички нападнало полициски службеник. Набргу потоа, возачот и другите лица биле пронајдени и приведени во полициска станица. Станува збор за А.И.(51), Р.И.(56) и М.И.(53), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе