Mинатиот ден

Три лица каснати од кучиња скитници

Вчера во 21:50 часот во полициска станица Радовиш Г.К (67) од Радовиш пријавила дека истиот ден околу 21:20 часот на ул. „Самоилова" во Радовиш била касната од куче скитник во пределот на нозете.

Вчера исто така во 21:50 часот во полициската станица Аеродром О.В.(66)  од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13:30 часот на улицата “Февруарски Поход“ била касната од куче скитник во пределот на рацете.

Во 23:45 часот во полициската станица Гази Баба П.Д.(53) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 23:25 часот на улицата “Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе