Истрага

Третоосомничениот за убиството на Саздовски се бара од Интерпол, но нема црвена потерница

Фотографијата на Јeтон Љужа, третоосомничениот за убиството на Никола Саздовски-Саздо, член на навивачката група Комити, се уште не е објавена на официјалната страна на Интрепол. Но, од МВР велат дека објавувањетo на црвените потерници на Генералниот секретаројат на Интерпол се врши по барање на Нацоналното централно биро.

„Објавување на црвените потерници на страницата на Генералниот секретаријат на Интерпол, се вршат по барање на Националното Централно Биро на земјата, но по исполнување на определени критериуми. По лицето е распишана меѓународна потерница и истата согласно чл. 563 ст. 2 од ЗКП потерницата е објавена на страницата на МВР .

Неофицијално, според правилата на Генералниот секретаријат на Интерпол, лицата по кои земјите распишале потерница се поделени во групи, односно според тоа дали лицето е веќе осудено, или пак станува збор за осомничено лице, по што се објавуваат и нивните фотографии на страницата, а приоритет се дава на големите криминалци.По одлуката на Јавното обвинителство, Интерпол од 28 јули го бара Љужа, а според МВР, меѓународната потерница за Љужа е распишана за убиство извршено на свиреп начин.

На официјалната страна на Интерпол се бараат четворица државјани на Македонија, а еден од бараните криминалци е објавен два пати.

Посебен начин на потрага која не мора да биде објавена на интернет е комуникација со националните полиции членки на Интерпол.

Јавното обвинителство потерницата за Лужа ја објави по реакциите на јавноста дури 20 дена откако почина Никола Саздовски, а двајцата првообвинети беа притворени.

Саздовски крвнички беше убиен на 29 јуни во населбата Автокоманда на 29 јуни на автобуската постојка во скопската населба Автокомада. Неколку дена потоа беше распишана меѓународната потерница, но веќе е јасно дека Љужа претходно веќе ја поминал македонската граница.

Неофицијално, Љужа се крие некаде на Косово или во Шведска, кај роднини на неговото семејство.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески кон крајот на минатиот месец на собраниска седница, одговорајќи на пратеничко прашање, рече дека случајот за Никола Саздовски не е затворен и истражувањето продолжува. Јовески нагласи дека во овој момент не може да каже дали истрагата ќе биде проширена.

„Ве уверувам дека за секој што ќе се утврдат криминални дејства со соодветни докази, ќе биде поднесено соодветно обвинение. И во овој момент обвинителството постапува во овој случај, но дали истрагата ќе биде проширена во овој момент не можам да соопштам. Тоа ќе зависи од вештањата и доказите“, потенцираше јавниот обвинител.

Двајцата осомничени за убиството на Саздовски, Б.Б. и С.Д., се во притвор.

Д.В.

 

 

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе