Седел во двор, го погодил куршум

Трет случај за еден месец на заталкан куршум во Тетово, повреден е маж

Од заталкан куршум синоќа бил повреден 40 годишник во тетовско Желино. Како што информираа од тетовската полиција, поради повредата тој побарал и лекарска помош. На 18 јули жител на тетовски Челопек во полиција пријавил дека слушнал истрели, па заталкан куршум завршил во една од собите во неговата куќа. За пет дена ова беше втор случај со заталкан куршум, при што во првиот инцидент на 13 јули имаше и повредено 59 годишна жена во Тетово. Сега повреден е маж. 

Вчера во 21.30 часот во Полициското одделение Групчин, Е.Р.(40) од с.Желино, тетовско, пријавил во дворот од куќата на неговиот брат во селото од залутано зрно од огнено оружје бил повреден на раката. Тој бил пренесен во Клиничка болница Тетово каде му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово и се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.

На 18 јули годинава беше пријавено дека заталкан куршум завршил во соба од куќа во Челопек, но немало повредени лица, додека на 13 јули поради истата причина повредена беше 59 годишна жена во Тетово.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе