Неготино

Трактор падна во провалија, двајца со тешки повреди во болница

Тракторист на возраст од 29 години од Неготино излетал од патот, се превртел и паднал во провалија. Во незгодата, соопштуваат од МВР со тешки повреди се здобиле возачот и сопатникот кој бил на возраст од 25 години. 

Според МВР, во атар на с.Калањево, неготинско, кај место викано „Орајот", се случила сообраќајна незгода во која трактор без регистарски ознаки, управуван од Ќ.Т. (29) од Неготино, излетал надвор од патот, се превртел и паднал во провалија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот П.П. (25) од Неготино, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клинички центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Неготино и се утврдуваат причините за сообраќајката.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе