Трагична сообраќајка на влезот во Драчево, 5 лица загинаа

Пет лица загинаа во сообраќајната несреќа која рано утрово се случила во близина на бензинската пумпа на влезот од населбата Драчево во Скопје. Три лица починале на лице место, а две лица починале на скопските клиники. Неофицијално меѓу загинатите има и малолетно девојче.

Несреќата се случила кога патничкото возило „рено 5“ директно удрило во камион за собирање отпад.

Според очевидци, „реното“ се движело со поголема брзина, при што изгубило контрола и директно удрило во камионот за смет.

На лице место биле дојдени возила на полицијата, на итната медицинска помош, противпожарникарски и возила на погребно претпријатие. 

Од МВР подетални информации најавуваат за денеска.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе