Доцна вечерва

Трагична сообраќајка на „Првомајска”, загинаа две момчиња

Две момчиња на возраст меѓу 20 и 30 години загинале доцна вечерва во тешката сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Првомајска” кон Драчево. 

Порталот А1он јави дека по директниот судир на двете возила сообраќајот бил блокиран, а на местото на несреќата се собрани и роднини на загинатите. 

Несреќата се случила во близина на салонот за мебел на „Мебел-Ви“ во правец кон населбата Драчево, а според информациите во медиумите, момчињата биле сами во автомобилите „пежо” и „голф 5”. 

На местото на несреќата се врши увид по што полицијата ќе излезе со дополнителни информации.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе