Товарно возило паднало во бездна на патот Гостивар-Кичево, возачот тешко повреден

Денеска во 12.15 часот во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселски мост, товарно возило „мерцедес" со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од Скопје, излетало од коловоз, паднало во бездна и се запалило.

Возачот на товарното возило бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад", каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а екипи од гостиварската Територијална противпожарна единица го локализирале пожарот на возилото. На местото на несреќата увид врши екипа од ОВР Гостивар.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе