Товарен воз повреди двајца мигранти пред железничката станица кај Криволак

Двајца мигранти, ноќеска, околу 00,45 минути по полноќ, биле повредени од товарен воз на 300 метри пред железничката станица Криволак, од кои едниот потешко, потврди Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Мигрантите со возило на Итна помош од Велес биле итно пренесени во Ургентниот цетар на велешката Општа Болница. Поради повредите на едниот во велешката болница му била ампутирана левата нога, а вториот имал само нагмечувања на шаката .Двајцата биле препратени на понатамошно лекување во одделот Kлиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар во Скопје, изјави д-р Елеонора Јованова ,портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Како што информираат од Железничката станица во Велес, несреќата се случила во 00,45 минути по полноќ кога товарниот воз Гевгелија-Табановци ги повредил двајцата мигранти кои се движеле по пругата.

Тие информираат дека поради несреќата немало прекин на железничкиот сообраќај на таа релација. 

МИА

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе