Тинејџер со „мерцедес“ удрил скопјанка на тротинет

Скопјанка е тешко повредена во сообраќајна незгода со „мерцедес" управуван од тинејџер, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во 7 часот на крстосницата од булевар Крсте Мисирков со булевар Гоце Делчев се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од село Мојанци, скопско, и електричен тротинет управуван од Б.Б.(41) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Б.Б. и била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде ѝ била укажана лекарска помош“, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе