Тафталиџе

Тинејџер со автомобил излетал од пат и се превртeл, двајца повредени

Скопјанецот П.Ѓ. (19) бил тешко повреден кога автомобилот што го управувал излетал од патот и се превртел, ноќеска во скопската населба Тафталиџе. Во сообраќајната несреќа полесно бил повреден совозачот А.Д.(18), а причината за сообраќајката биле големата брзина.

Според полицијата, сообраќајката се случила пет минути по полноќ, на крстосницата од улиците Париска и Варшавска. Автомобил „ауди“ со скопски регистерски таблици што го управувал П.Ѓ. изгубил контрола и се превртел.

Од ударот со тешки повреди се здобил возачот П.Ѓ. а полесно бил повреден сопатникот.

Двајцата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

 

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе