Тетовски автобус се запалил кај Дубровник, нема повредени (ВИДЕО)

Нема повредени патници во несреќата во којашто се запалил автобус на тетовскиот превозник „Хафет турс” изутрината околу два часот по полноќ во близина на Дубровник, изјавил за МИА Хафет Арифи, вработен од компанијата „Хафет турс”.

Со автобусот на превозникот „Хафет турс” од тетовски Пирок, кој сообраќал на линијата Скопје – Сплит, се превезувале 49 патници.

Според Арифи, благодарение на брзата реакција на пожарникарските служби пожарот е изгаснат, а сите патници за околу половина час се транспортирани до крајните дестинации со друг автобус.

„Нема никакви повреди кај патниците, ниту пак оштетувања на нивниот багаж”, тврдат од компанијата. 

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе