Сообраќајната полиција на СВР Тетово вчера во периодот од 14 до 20 часот изрече 134 казни, од кои 88 биле за брзо возење надвор од населено место. Од нив, 14 возачи возеле со брзина поголема од 70 километри на час од дозволената.
Велешката сообраќајна полиција за време на контролата спроведена од 8 до 20 часот регистрирала 55 возачи кои не ја почитувале дозволената брзина на движење. Двајца возачи возеле со брзина од над 70 километри на час повеќе од дозволената.
Полицијата апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните знаци и ограничувањата на брзината, но и да ја прилагодат брзината според условите на патот и да внимаваат доколку коловозите се влажни.