Тетовец со секира му се заканувал на својот внук

Тетовец бил уапсен откако на својот внук му се заканувал со секира, информира МВР.

„Синоќа во 00:25 часот во  Тетово од полициски службеници бил лишен од слобода 62-годишниот И.И. од Тетово , поради тоа што на 14.12.2019 во 23:10 часот, А.И од Тетово пријавил дека во неговата куќа на ул. „Јане Сандански“ дошол неговиот чичко И.И со секира упатувајќи му закани по неговиот живот. При обид да биде легитимиран од полициски службеници истиот одбивал и ги омаловажувал полициските службеници. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе